Објавени документи за работата и надлежностите на МВР

Сподели со своите пријатели

Министерството за внатрешнои работи на својата веб страна објави информации од областите на работа за кои е надлежно, со сите податоци важни за јавноста, а кои произлегуваат согласно насоките на Владата на РМ за максимална транспарентност.

– Во овој момент од 21-от баран документ дополнително ќе биде ажуриран извештајот за реализацијата на Буџетот на МВР. Информациите околу систематизацијата на работните места и внатрешната организација, согласно Законот за класифицирани информации имаат одреден степен на класифицираност, додека пак за ревизорскиот извештај и планот за јавни набавки не постои обврска за нивно објавување, се истакнува на објавата на МВР на нивниот сајт.

Извор: МИА

Loading...