Објавена снимка од експлозијата во Белгород (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Руски воен авион случајно пукаше со муниција кон градот Белгород во близина на границата со Украина доцна во четвртокот навечер, предизвикувајќи експлозија и оштетувајќи згради, јави руската новинска агенција Тас, цитирајќи го Министерството за одбрана.

Loading...

Локалните власти известија за голема експлозија во градот веднаш преку границата со Украина. Регионалниот гувернер изјави дека се повредени две жени.

„Додека авионот Сухој Су-34 на Военото воздухопловство летал над градот Белгород, дошло до случајно испуштање на авијациска муниција“, соопшти Тасс, објавувајќи ги изјавите на Министерството за одбрана.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Можно распоредување на системот „Патриот“ во Полска

Су-34 е суперсоничен ловец-бомбардер. Не беше кажано за какво оружје станува збор.

Министерството соопшти дека се оштетени некои згради и објави дека истрагата е веќе во тек, наведува руската агенција, а пренесува Ројтерс.

Loading...

Гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, објавувајќи вонредна состојба, на Телеграм изјави дека на една од главните улици има кратер од 20 метри, без да прецизира што го предизвикало.

Оштетени се четири автомобили и четири станбени згради, додаде тој.

Се појавија снимките

На видео снимката од местото на настанот се гледаат купишта бетон на улицата, неколку оштетени автомобили и зграда со скршени стакла.

На едно од видеата се гледа автомобил наопаку на покривот на една продавница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Си: Кина не е ниту страна ниту учесник во украинската војна

Регионот Белгород е еден од неколкуте делови на јужна Русија каде цели како што се складишта за гориво и муниција беа потресени од експлозии од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.

На социјалните мрежи се појави видео од моментот на експлозијата. Најверојатно се работи за надзорна камера која снима над голема и прометна раскрсница.

На видеото се гледаат автомобили кои ја минуваат раскрсницата, но потоа во еден момент се гледа како нешто паѓа.

Потоа се гледа густ чад, а автомобилите повеќе не минуваат низ раскрсницата. Потоа дошло до голема детонација.

Loading...

Според она што може да се види од видеото, поминало извесно време од моментот на ударот до детонацијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто НАТО не го брани небото над Украина како што го бранеше на Израел?

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.