Објавена најновата листа најасреќни држави во светот: Еве каде е Македонија!

Сподели со своите пријатели

Финска шеста година по ред е прогласена за земја со најсреќна популација, според Светскиот извештај за среќа објавен во понеделникот.

Loading...

Извештајот, кој се занимаваше и со ефектите од кризата предизвикана од коронавирусот врз благосостојбата на луѓето, секоја година го составуваат научници во САД врз основа на анкети на Институтот Галуп.

Според извештајот, по среќните Финци следуваат Данска, Исланд, Израел, Холандија, Шведска, Норвешка, Швајцарија, Луксембург и Нов Зеланд.

Од соседните земји, Словенија е најсреќна и е на 22. место, Србија е 45., Косово на 34, а Хрватска е на 48. место, зад Јапонија и пред Бразил.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МВР: Изборниот процес се одвива мирно

Црна Гора е на 67 место во Светскиот извештај за среќа, а Босна и Херцеговина е на 71 место.

Бугарија е на 77. место, Албанија на 83, а Грција на 58 место.

Македонија е најнесреќна во регионот и се наоѓа на 87 место во друштво на Конго, Јужна Африка, Венецуела и Лао.

На дното на скалата се претежно африканските земји, а Авганистан и Либан разурнати од војна се двете најнесреќни земји во светот, според истражувањето, во кое беа опфатени вкупно 137 земји.

Loading...

Научниците рекоа дека проценката на среќата на луѓето останала „извонредно отпорна“ и покрај пандемијата на КОВИД-19, со глобалните просеци во 2020 до 2022 година исто толку високи како оние во годините пред пандемијата од 2017 до 2019 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рекордер од Словенија: Освои 60 милиони евра на Евроџекпот