Објавена е музиката од кумановскиот долгометражен филм „Приказ” (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Филмот Приказ во режија на Николај Павловски и Марко Јовановски, е снимен од страна на поголем дел студенти односно актери-аматери во продукција на (R)Evolution Pictures и воедно е прв кумановски долгометражен аматерски филм, поддржан од страна на Опиштина Куманово.

Loading...

Откако беше дадена проекција на филмот, после одреден период објавена е и музиката, односно целокупниот саундтрак (soundtrack) чиj автор е Јован Цветковиќ.

Се работи за аматерски филм, психолошки трилер во кој има снимено 14 филмски нумери направени во периодот на минатата година.

Тоа се авторски композиции направени во услови на домашно студио, со звучна обработка ( микс и мастер ) во продукција на  Филип Стевановски – FIS Production, кој се погрижи да песните добијат повисок квалитет.    

– Тука сакам да ги напоменам и песните од наши кумановски изведувачи кои се вклучени во филмот: Мартинијан Кириловски, Јаков Мициќ, Мики Апостоловски, Васил Стојановски  како и амтери – пејачи Мима Младеновска и Никол Ѓорѓевска и Ивана Стефановска која ја отпеа „Run on” заедно со Владимир Стојановски на гитара, вели музичарот Цветковиќ.

Идејата за ваков проект вели дека ја имал како желба откако почнал да студира и за него ова е прво искуство во создавање на филмска музика, од кое има научено многу.

Музиката е креирана според дејството во сцените која најчесто има за цел аудитивно да го доближи самиот амбиент кон публиката, а неретко и да прикаже некои субјективни случувања во филмот.

Инспирирана е од повеќе големи светски композитори на филмска музика и од серии и филмови кои се од ист жанр. Целата плејлиста од песни има траење од 30 минути и е достапна на платформата YouTube.

Loading...