Објавен оглас за закуп на земјоделско земјиште

Сподели со своите пријатели

Објавен е јавен оглас за давање во закуп над три хектари државно земјоделско земјиште, соопшти ресорниот министер Љупчо Николовски.

Loading...

Станува збор за 1.420 хектари, односно вкупно 23 парцели во 13 региони: Штип, Гостивар, Гевгелија, Куманово, Неготино, Велес, Ресен, Свети Николе, Валандово, Гази Баба, Кратово, Берово и Струга.

Огласот е денеска објавен во „Службен весник“ и ќе трае наредните 30 дена. Според Николовски, ќе се спроведе во транспарентна постапка по пат на електронско јавно наддавање, а право да конкурираат имаат сите домашни физички и правни лица, како и странски правни лица.

Leave a Reply