Обилни врнежи од дожд во текот на ноќта

Сподели со своите пријатели

Времето денеск ќе биде облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, а само на повисоките планини од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе бидат обилни и локално се очекува да наврнат над 30 л/м2 дожд.  Најмногу врнежи ќе има во западните и северните делови.  Поради продор на постудена воздушна маса снежната граница ќе се спушти и до 1000 метри надморска височина.

Времето во Куманово ќе биде облачно проследено со врнежи од дожд во текот на целиот ден и слаб ветер од кугоисточен правец. Утринската температура изнесуваше само 1 степен во позитива, додека дневната ќе се искачи до 6 степени целзиусови, а во текот на ноќта повторно ќе имаме еден степен над нулата.

Во текот на вчерашниот ден во Куманово наврнале 4 литри дожд на метар квадратен, според мерењата на УХМР.

Утре ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд,  а на ппланините од снег.  Во раните утрински часови ќе има услови и во некои повисоки места во северниот дел од земјата  врнежите да преминаат во снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Потоа во наредните два дена ќе биде стабилно и суво со пониски утрински и со благ пораст на дневните температури.