Обидот да станат познати заврши трагично: Тој е мртов, а таа во затвор

Сподели со своите пријатели

Снимање видео кој младиот пар од Минесота требал да го постави на интернет и да станат „Јутјуб ѕвезди“ се претворил во трагедија.

Имено, трудната тинејџерка Моналиса Перез (19) е приведена за убиството на своето момче Педро Руиз (22) пред очите на нивната тригодишна ќерка.

Педро и јас ќе снимиме веројатно едно од најопасните видеа некогаш – бојавила Перез на социјалните мрежи пред самото снимање на шегата.

Планот бил Моналиса да испука куршум кон дебела енциклопедија која Педро ја држел на своите гради. Но не очекувале дека куршумот ќе пробие низ кориците и ќе заврши во Педро. Моналиса по несреќата повикала Итна помош и до доаѓањето на лекарската екипа се обидела да го одржи момчето на живот. Нивната ќека Алија сведочела на смртта на својот татко.

Loading...

Моналиса на полицијата рекла дека идејата за снимање на скечот била на Педро. Им ја покажала и книгата која претходно го спречила куршумот па биле увернеи дека исто ќе биде и овој пат.

Смртта на Педро ја снимиле камерите, а полицијата ги има снимките.

Тетката на жртвата се обидела да го предомисли педро од снимањето видео, но тој и рекол дека сака да привлече гледачи.

Сакавме да бидеме познати. Бевме вљубени, ова не требаше да се случи. Дабарем никогаш не го снимија тој скеч – вели таа.