Обидете се да решите загатки од 18 век

Сподели со своите пријатели

Денешните луѓе сигурно мислат дека се попаметни од нивните предци кои живееле пред 300 години затоа што во секој момент, со еден клик, можат скоро веднаш да дознаат каква било информација.

Loading...

Ако спаѓате во оваа група на „паметни луѓе“, еве едно прашање за вас – како би се снашле без Интернет?

Порталот Bright Side одлучи да ги тестира способностите и набудувањата на современите луѓе со тоа што состави список на загатки и задачи кои им задале главоболки на нашите предци во 18 век.

Ако мислите дека сте снаодливи, обидете се да ги решите. Може да доживеете непријатно изненадување!

 

 

 

Loading...

1. Како да наполните две вреќи со кафе од една вреќа со слични димензии?

2. Две лица јадат сливи. Ако првиот му даде 2 сливи на другиот и двајцата ќе имаат ист број  сливи. Ако вториот му даде 2 сливи на првиот, првиот ќе има двојно повеќе. Колку сливи има секој?

3. Кога има по една птица на секое дрво, нема место за една. Кога има две птици на секое дрво, едно дрво е празно. Колку птици има и колку дрвја?

4. Половина од времето поминато од полноќ е 3/4 од времето што преостанува до пладне. Колку е часот?

5. Двајца татковци и два сина фатиле 3 зајаци. Секој добил по еден. Како?

6. Патки летаат: една напред и два позади; една позади и два напред; една помеѓу два и три во ред. Колку патки летаат?

7.

 

Loading...

 

8. Ако од годините на мојот син додадете уште толку, па тогаш уште половина ќе добиете 10. Колку години има мојот син?

9. Човекот имал 100 години и неколку месеци, но имал само 25 родендени во текот на целиот свој живот. Како така?

10. Децата морале да поделат 130 ореви на 2 дела, но така што четирите помали делови да бидат три пати помали од поголемиот. Како поделиле?

РЕШЕНИЈА:
1. Ставете празни вреќи едни во други и пополнете со кафе.

2. Првиот има 14, а вториот 10 сливи.

3. Има 4 птици и 3. дрвја.

Loading...

4. Сега е 7:12 часот наутро.

5. Дедо, татко и внук ловат.

6. Три патки, една зад друга.

7.

 

Loading...

 

8. Синот има 4 години.

9. Човекот е роден на 29 февруари, па тој го слави својот роденден секоја престапна година.

10. Помалиот дел содржи 10 ореви, а поголемиот 120.

Leave a Reply