Обид за обљуба врз војничка од кумановската касарна

Сподели со своите пријатели

Војник од кумановската касарна „Боро Менков“се обидел да изврши обљуба врз своја колешка, припадничка на Армијата. Ваква пријава била поднесена завчера околу 19:20 часот до СВР Куманово.

Loading...

Настанот, според пријавата во полицијата се случил во понеделник, а како што велат од Министерството за внатрешни работи известен е и надлежен јавен обвинител.

– На 19.11.2019 година во 19.20 часот во СВР Куманово, вработена во АРМ пријавила дека на 18.11.2019 околу 13.00 часот во касарната „Боро Менков“ во Куманово нејзин колега се обидел да изврши обљуба над неа. Известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во кратката реакција од МВР.

Министерството за одбрана упати остра осуда за секаков обид за сексуално вознемирување во Армијата и тврдат дека случајот се истражува.

-Министерството за одбрана најстрого осудува секаков обид за сексуално вознемирување. Сексуалното вознемирување во Армијата е апсолутно недозволиво. Случајот се испитува и доколку се докаже министерството ќе има нулта толеранција. Никој не смее да помисли да ги вознемирува припадничките на Армијата и да го намалува угледот на Армијата, велат од Министерството.

Leave a Reply