Обезбедени 580 милиони евра за железничката пруга Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Железничката пруга од Куманово до бугарската граница би требало да биде пуштена во употреба до 2025 година, рече премиерот Зоран Заев во интервју за бугарската новинска агенција „БГНЕС“.

Loading...

Како што изјавил, за изградбата на третата фаза ќе бидат потрошени 405 милиони евра, од кои 345 милиони евра од кредит од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој.

Вкупно, како што појаснува тој, за изградбата на пругата ќе се потрошат 580 милиони вевра.

– Македонија обезбеди 580 милиони евра за изградбата на железничката пруга од Куманово до бугарската граница. Со тоа ќе имаме целосно железничко поврзување од Скопје до Софија. Рокот за пуштање во употреба е не подоцна од 2025 година. Првата фаза веќе се гради интензивно. Во моментот се одлучува за изведувач на втората фаза, за којашто имаме грант од 68,7 милиони евра Western Balkans Investment Fund, тоа е од Берлинскиот процес. Ние дополнително земаме уште некои 80 милиони евра кредит од ЕБРД. Третата фаза е најголема, 405 милиони евра. Овде добивме грант од 60 милиони евра од ИПА и земаме кредит од 345 милиони евра. Направивме конзорциум меѓу ЕИБ и ЕБОР. Тоа се огромни пари за Република Северна Македонија – вели Заев.

Моментално, како што посочил Заев се работи и на изградба на експресниот пат од Куманово до границата со Бугарија. Периодот за изградба е две години.

Image by Michael Gaida from Pixabay

Leave a Reply