Нуркачите го пронајдоа телото на мајката која во смрт го однесе и својот син

Сподели со своите пријатели

Во акумулационото езеро на ХЕ “Дубрава” кај Прелог, Хрватска, пронајдено е женско тело, а се претпоставува дека се работи за Ивана Фогадиќ, која со петтогодишниот син исчезна во ноќта помеѓу 5 и 6 јули.

Loading...

Capture

Од полицијата во Меѓумурје, се наведува дека телото било забележано околу 14 часот, а се претпоставува дека стaнува збор за Ивана Фогадиќ, мајка која во самоубиствениот чин, со себе го зема и петгодишниот Патрик Фогадиќ.

Неговото тело беше пронајдено вчера, а според обдукциските наоди, било утврдено дека смртта настапила како последица на давење. Автомобилот со кој Ивана замина заедно со Патрик е пронајден во езерото, каде се најдени и нејзините документи.

На возилото било забележано скршено предно ветробранско стакло, додека страничниот прозор бил спуштен што овозможило возилото да се наполни со вода многу побрзо.

Ивана (28) заедно со својот син исчезна во ноќта помеѓу 5 и 6 јули, кога на Фејсбук објави дека ќе дигне рака на себе, но и над својот син.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.