Нуркаа во најголемото турско езеро, па открија древна тајна стара три милениуми (видео)

Сподели со своите пријатели

Група нуркачи откриле потопен замок во најголемото турско езеро Ван. Тимот турски археолози со Тахсин Цејлан на чело на истиот, откриле древна скулптура на 10 метри под површината на езерото, која се протега на нешто помалку од километар и опкружена со ѕидови.

– Имаше гласини дека би можело да има нешто под водата, но поголемиот дел од археолозите беа убедени дека таму нема да најдеме ништо. Фантастично е чувството да се пронајде замок под вода, рекол Цејлан.

Според историските податоци, се проценува дека подводната тврдина е стара околу 3.000 години.Ѕидовите најверојатно се составени од камен од периодот на Урарту цивилизацијата, која постолена од 860 п.н.е. до 590 п.н.е.

Loading...

Урарту, кој исто така е познат како кралството Ван, била древна цивилизација која се населила во деловите на дешена Турција.

Цејлан за турските медиуми рекол дека луѓето кои се населиле околу езерот, го нарекувале горно море и верувале дека во него има многу мистериозни работи. Се шпекулира дека езерото со текот на времето го потопило градот.

Археолозите и нуркачите планираат да продолжат со истражувањето на езерото за да откријав повеќе за древниот замок.