НУ Центар за култура ја објави програмата за фестивалот “Денови на комедија 2015“

Сподели со своите пријатели

Во пресрет на отварањето на 18-ти Меѓународен Театарски Фестивал “Денови на комедија – Куманово 2015“, Народната Установа Центар за култура “Трајко Прокопиев“, ја објави програмата и претставите што ќе бидат поставени на репертоарот за време на театарскиот фестивал.

Loading...

Според програмата, на денот на отварањето на 1 октомври, кумановската публика ќе има можност да ја проследи претставата “Нешто пропуштаме“ во изведба на НУ Театар Комедија, Скопје.

На втората фестивалска вечер ќе настапи театарот од Велес, со преставата “Спанаќ со пржени компири“, додека во сабота /3 октомври/, ќе настапи Продукцијата Видик од Скопје со претставата “Ни ваму, ни таму“, а во недела според програмата, ќе биде изведена претставата “Чолак“ при Драмски Театар Скопје.

По тридневна пауза, во среда /7 октомври/, публиката ќе се забавува со претставата “Премиера во сабота“ во изведба на НУЦК Марко Цепенков од Прилеп, а во четрток ќе настапи театрот од Штип со претставата “Лулка“.

Од театрите од странство, во петок /9 октомври/ ќе може да се проследи претставата на Театар “Талија“ од Тузла, БиХ со претставата “Државни лопов“, додека на 10 октомври ќе биде прикажана претставата “Чехов му кажува збогум на Толстој“ од Евробалкан Институт од Приштина, Косово.

Во понеделник /12 октомври/, гостува Драмскиот куклен театар од Силистра, Бугарија со претставата “Се бара нов сопруг“,  а по два дена, т.е на 14 октомври, гостува НУ Турски театар од Скопје со претставата “Слуга на двајца господари“.

На петнаесетти октомври гостува битолскиот театар со претставата Без паника, додека во петок /16 октомври, пред кумановчани ќе настапи НУЦК “Григор Прличев“ од Охрид со претставата “Детектор на лаги“.

Саботното издание на меѓународниот фестивал е резервирано за домашната театарска сцена и претставата Баунсерс во изведба на Албанска драма при Театар Куманово, додека во истовреме, на сцената во Домот на култура ќе настапи Продукција Призор од Белград, Србија со претставата “Љубовници“.

Loading...

Осумнаесетиот меѓународен театарски фестивал Денови на комедија – Куманово 2015 ќе биде затворен на 18 октомври со преставата “Идиоти“ во изведба на актерите од НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ од Куманово, што воедно ќе биде и премиерно издание на кумановскиот театар.

Сите претстави започнуваат во 20 часот.