Ново откритие за тоа како е изградено едно од преостанатите светски чуда

Сподели со своите пријатели

Со векови била една од најголемите светски мистерии: Како општеството од Бронезниот период ја изградило Кеопсовата пирамида во Гиза, најстарото и единствено преживеано од Седумте светски чуда на стариот свет.

И покрај тоа што постојат голем број теории за тоа како е градена, сега се откриени докази кои велат дека Египќаните транспортирале и по тон тешки блокови, варовник и гранит до местото каде е изградена Кеопсовата пирамида од далечина од 800 километри.

Со 138,75 метри восчина, Кеопсовата е не само најголемата пирамида во Египет, туку се до Среднито век била и најголемата градба која ја изградил човекот.

Како навистина се градени пирамидите во Египет? (видео)

Loading...

Сега откритија на древни списи на папирус, церемонијалниот брод и генијалниот систем на водени канали фрлаат ново светло на начинот на кој е изградена Големата пирамида околу 2600 години пред новата ера.

Археолозите откриле записи кои објаснуваат дека илјадници работници транспортирале 170.000 тони варовник во дрвени бродови, со заедно поврзани јажиња, преку Нил и посебна мрежа канали, која водела од пристаништето направено во непосредна близина на пирамидата.

Записот на папирус кој е пронајден во пристаништето Вади Ел Џарф на Црвеното море е автентичен и покажува од прва рака сведочење на Мерер, начелник на тимот од 40 елитни работници во кое до детали се опишува како големите варовнички блокови биле превезувани од Тура до Гиза.

Во својот дневник, мерер опишува како неговиот екипаж учествувал во менувањето на крајоликот, кревајќи огромни насипи за да се пренасочи водата од Нил во насока на пирамидата низ каналите.

И покрај тоа што одамна се знае дека гранитот од кој се направени внатрешните простории во пирамидата, е копан од Асуан, околу 850 километри јужно од Гиза, а дека варовникот пристигнувал од Тура, десетина километри подалеку, археолозите не се сложуваат со тоа како биле транспортирани до градилиштето.

Археологот Марк Ленер, еден од водечките експерти на оваа поле, открива докази за некогашниот веоден пат, кој водел преку платото на Гиза.

– Точно утврдивме каде се наоѓа централниот канал, за кој сметаме дека бил примарен пат за носење материјал во подножјето на Големата пирамида, рекол Ленер.

Новото откритие претставено е во документарецот Egypt’s Great Pyramid: The New Evidence, емитуван на вританскиот Канал 4. Во него исто така е претставено откритие на уште еден археолошки тим кој открил церемонијален брод сомислен за Кеопс да командува со нив во задгробниот живот.