Ново истражување за кафето открива како тоа делува врз срцето

Сподели со своите пријатели

Ако сакате кафе, но сте загрижени дали е добро за вашето здравје, имаме добри вести – кафето не влијае на отчукувањата на срцето, покажа голема студија објавена во списанието „JAMA Internal Medicine“.

Loading...

Истражувачите анализирале податоци од дури 386.000 луѓе и дошле до заклучок дека кофеинот не влијае на ризикот од аритмија, неправилен или абнормален срцев ритам.

 

 

Истражувањето траело повеќе од пет години, а учесниците пополнувале прашалници за нивното здравје и навики во исхраната и начинот на живот.

Во меѓувреме, околу 17.000 од нив развиле проблеми со срцевиот ритам, а научниците потоа анализирале дали нивниот внес на кофеин играл улога во тоа.

„Дури и откако ги разгледавме генетските фактори кои влијаат на тоа како нашиот метаболизам го обработува кофеинот, не успеавме да утврдиме дека оние кои пиеле повеќе кафе имаат зголемен ризик од развој на аритмии“, рече д-р Грегори Маркус, коавтор на студијата.

Loading...

 

 

Изненадувачки е фактот што оние кои пиеле повеќе кафе дури имале и помал ризик од вообичаеното, иако неговиот процент е мал.

Ако веќе имате проблеми со срцето, се разбира, не треба да ги земате здраво за готово резултатите од ова истражување. Но, ако немате, уживајте во шолја кафе затоа што нема да го зголеми ризикот од срцева аритмија.

Leave a Reply