09.09.2018 23:55

НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ: Пробиотиците се бескорисни


Група научници тврди дека пробиотиците, храна која содржи добри бактерии се скоро па бескорисни, пренесува ВВС.

Истражувањето  научници од Израел е едно од најдеталните анализи за тоа што се случува во нашиот организам кога ќе ги консумираме пробиотиците.

Пробиотиците се сметаат за здрава и добра цревна флора. Меѓутоа, резултатите покажале дека имаат мало или никакво влијание врз организмот.

Ако ги имате овие симптоми на вашето тело очајно му треба одмор

Тимот на научниот институт Вајзман направил сопствен коктел од пробиотици користејќи 11 видови бактерии кои се препознаени како добри бактерии, вклучувајќи Lactobacillus and Bifidobacteria.

Пробиотикот го пиеле 25 здрави доброволци во период од еден месец.

Потоа ги успивале и хирушки земале примероци од повеќе места, од стомачната празнина до тенкото и дебелото црево.

Иистражувачите настојувале да воочат места каде бактериите успешно се населиле и дали довеле до некакви промени во активноста на цревата.

Резултатите, опишани во списанието „Cell“ покажале дека половина од случаите со добра бактерија влегле низ ушната празнина, но и директно излегле на „другата страна“.

Во останатите случаи се задржале кратко во дигестивниот систем пред да ги „прегазат“ нашите сопствени микроби.

7 отрови, кои секојдневно не убиваат – се кријат во колбасите, зеленчукот и дури гумите за џвакање

Човечкиот дигестивен систем е дом на милијарда бактерии, а секој од нас има и поинаква микробиолошка слика.

Др. Еран Елинав вели дека затоа погрешно е да се очекува дека готовиот пробиотик еднакво ќе делува на се.

Рекол дека пробиотиците во иднина ќе мора да се „кројат“ според потребите на индивидуалните пациенти.

– Купувањето пробиотици кои не се скроени по потребит ена примачот, се поприлично бескорисни, рекл Елинав за ВВС.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments