Новинарот Зоран Божиновски излезе од притвор

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот новинар Зоран Божиновски, денеска е ослободен од мерката притвор и е пуштен да се брани од слобода.

За Божиновски се укинува мерката притвор и му е одредена мерка на претпазливост, со што еднаш неделно новинарот треба да се јавува во Основниот суд Куманово. Попладнево се очекува Божиновски да го напушти затворот во Шутка.

Инаку, Зоран Божиновски е обвинет за случајот „Шпион“ за злосторничко здружување и уцена. Здружението на новинари и невладините организации постојано посочуваа дека тоа е начин да се замолчи новинарот од страна на власта на ВМРО-ДПМНЕ, а да послужи и како пример за останатите медиумски работници.

 

Loading...