Новинарка лажно помогна во чистењето на улиците по потопот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На снимката се гледа како Олен, зема малку кал и ја трие облеката додека е опкружена со оштетени улици и куќи уништени во поплавата. Потоа се наведна по втор пат, овој пат валкајќи го лицето со кал

Loading...

Репортерката на германската телевизија Сузана Охлен (39) се извалка од кал пред да ја снима репортажата, преправајќи се дека помага во чистење на улиците во Бад Мунстерајфел по силните поплави што однесоа најмалку 170 животи во Германија.

РТЛ го објави извештајот „Чистење по поплавата: Репортерот на РТЛ помага во Бад Мунстерајфел“, а еден набљудувач го сними валкањето со кал непосредно пред снимањето и го објави на социјалните мрежи.

 

 

На снимката се гледа како Охлен е во сина кошула, капа и чизми, се наведнува, зема малку кал и ја размачкува на облеката, додека е опкружена со оштетени улици и куќи уништени во поплавата. Потоа се наведна по втор пат, овој пат извалкајќи го лицето со кал.

Германската РТЛ изјави дека „пристапот на репортерот е јасно спротивен на новинарските принципи и нивните сопствени стандарди.

Loading...

Охлен работи за РТЛ од 2008 година во „Добро утро, РТЛ“, „Добро утро, Германија“, „Точка 12“ и бројни други емисии.

Да потсетиме, Западна Германија беше погодена од обилни дождови што ја поплавија областа и оставија над 170 лица убиени и многу уништени куќи и улици.

 

Leave a Reply