Нови шестотитни регистрирани бегалци од Сирија и Ирак

Сподели со своите пријатели

Вкупно 574 странски државјани, од кои 489 државјани на Сирија и 85 државјани на Ирак побарале потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил во текот на изминатото деноноќие, јавува МВР.

Министерството за внатрешни работи и во текот на вчерашниот ден не издаде ниту една потврда на бегалци од Авганистан.

 Во текот на последните 24 часа, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил.