Нови санкции за Пјонгјанг заради Јонг Нам

Сподели со своите пријатели

САД соопштија дека ќе воведат нови економски санкции против Северна Кореја, заради употреба на смртоносен хемиски нервен агенс во минатогодишниот атентат врз изолораниот полубрат на водачот Ким Јонг Ун.

Loading...

Стејт департмент објави дека утврдил оти Пјонгјанг го употребил забранетиот агенс на Ве Икс за да го убие Ким Јонг Нам.

Убиството се случи на 13-ти февруари лани на Меѓународниот аеродром во Куала Лумпур. Од безбедносните камери подоцна се гледа како две жени испрскале течност врз лицето на Нам и неколку минути подоцна, тој починал.

-Овој јавен приказ на непочитување на универзалните норми против употреба на хемиско оружје, дополнително ја покажува несовесната природа на Северна Кореја и подвлекува дека не смееме да дозволиме да толерираме севернокорејска програма за оружје за масовно уништување, од секаков вид, се вели во соопштението на портпаролката на Стејт департментот, Хедер Нуерт.

Новите економски санкции најверојатно ќе имаат мало, или речиси никакво влијание врз Пјонгјанг, бидејќи Северна Кореја е веќе под остри санкции, поради нејзините нуклеарни и програмите за балистички проектили.

На двете жени, 25-годишната Сити Асја од Индонезија и 28-годишната Виетнамка, Дон Хунг, им се суди за убиството на Ким Јонг Нам.

Жените тврдат дека биле измамени од страна на севернокорејски агенти кои им рекле дека актот ќе биде шега за потребите на телевизиско шоу.

Извор: Нова ТВ

Leave a Reply