Нови садници и чист воздух: Македонија денес се вклучува во акцијата ”Засади успех”

Сподели со своите пријатели

По шеснаесетти пат, денес во Македонија ќе се пошумуваат одредени места и површини, во рамки на акцијата ”Засади успех”. Ученици, вработени во администрацијата, политичари и граѓани доброволци, ќе садат садници со цел сочувување на здравата животна средина.

Loading...

Според организаторите, предвидено е да се засадуваат дрвца на повеќе локации ширум земјата, а за граѓаните кои ќе сакаат да се вклучат во акцијата, најавен е и бесплатен превоз до локациите.

Во Куманово, акција на садење дрва е најавена на Даштев Рид каде локалната самоуправа ќе засади садници во 11 часот.

Акцијата од друга страна, наиде на голема критика од македонската јавност, која реагира на високиот процент на веќе исечени садници за изградба на згради и останати објекти, па оттука и незадоволството да се разеленуваат останати површини.