Нови препораки за патување во ЕУ: Еве како ќе може да се патува!

Сподели со своите пријатели

Вакцинацијата, тестирањето или статусот на прележување на Ковид-19, како што е потврдено со актуелниот Ковид дигитален сертификат на ЕУ, треба да бидат клучни детерминанти на патувањето, според новите препораки на Советот на ЕУ, кои се необврзувачки и им оставаат на земјите – членки да одлучат за нивна имплементација.

Loading...

Затоа, се препорачува да се применат мерки против коронавирусот земајќи го предвид индивидуалниот статус наместо состојбата на регионално ниво, со исклучок на областите каде што вирусот циркулира на многу високо ниво.

Советот на ЕУ усвои препорака за „координиран пристап“ за да се овозможи безбедно движење за време на пандемијата COVID-19.

 

 

„Ова значи дека вакцинацијата, тестирањето или статусот на прележан Ковид-19, како што е потврдено со важечкиот дигитален сертификат на ЕУ за Ковид-19, треба да биде клучна одредница. Пристапот заснован на личноста значително ќе ги поедностави правилата и ќе обезбеди дополнителна јасност и предвидливост на патниците“, рече Советот.

Како што е наведено, оваа препорака ќе стапи на сила на 1 февруари 2022 година, од кога рокот на важност на ковид сертификатот ќе се ограничи на 270 дена.

Loading...

– Земјите – членки би можеле да прифатат и сертификати за вакцинација за вакцини одобрени од националните власти или СЗО – се наведува во препораките на Советот.

Валидниот дигитален Ковид сертификат вклучува:

– Сертификат за вакцинација со вакцина одобрена на европско ниво доколку поминале најмалку 14 дена и не повеќе од 270 дена од последната доза од примарната серија на вакцинација или ако лицето примило бустер доза.

– Негативен резултат од PCR тест добиен не повеќе од 72 часа пред патувањето или негативен брз антигенски тест добиен не повеќе од 24 часа пред патувањето.

 

 

– Сертификат за прележан вирус што покажува дека не поминале повеќе од 180 дена од датумот на првиот позитивен резултат од тестот.

Loading...

– Лицата кои немаат дигитален ЕУ – сертификат за COVID може да се бара да направат тест пред или најдоцна 24 часа по пристигнувањето. Децата под 12-годишна возраст, како и патниците со суштинска причина за патување, се изземени од ова правило.

Како што беше речено, ЕУ ќе продолжи да ја оценува состојбата во регионите, а задржан е и механизмот на тн. „итни сопирачки“ во случај на нови варијанти или зголемена загриженост за ширење на вирусот.

Препораките на Советот не се правно обврзувачки, така што органите на земјите – членки треба да одлучат за нивното спроведување.