Нови хуманитарни настани за Ана и Теодосија во Куманово

Сподели со своите пријатели

Продолжуваат хуманитарните настани за помош на малите кумановчиња Ана и Теодосија. По концерот во организација на Хуманитарната организација ,,Дарио Петровски”, тенискиот турнир на ,,Здружението Новак” и хуманитарката трка што ја организираше Советот на Општина Куманово, следуваат нови настани.

Loading...

Добропознатото кафуле Јард организира хуманитарни акции. Во четврток под мотото ,,Едно кафе, една шанса”, собраните средства од нарачаните кафиња ќе се донираат за Ана и Теодосија.

И во петок ќе се одржи хуманитарна забава во Јард, при што ќе бидат поставени кутии за донација и сите заинитересирани гости ќе можат да донираат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат на ГП Табановце

Освен Јард и градскиот фудбалски клуб Куманово, денеска со почеток во 17 часот на градскиот стадион организира хуманитарен натпревар и доделување на шампионскиот пехар.

Ќе настапат сениорите и младинците! Сите за нашите Ана и Теодосија!

Да ја вратиме повторно нивната насмевка и да им овозможиме безгрижно и среќно детство!