Нови четири пожари на територија на Куманово за едно деноноќие

Сподели со своите пријатели

Како што јавува Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на изминатото деноноќие, екипите на ТППЕ Куманово бележат четири интервенции во различни делови од градот и околината на Куманово.

Loading...

Пожарникарите интервенираа при пожари предизвикани од запалена сува трева во околината на локалитетот Менкова колиба, во близина на Филтер станицата, како и на ул. Доне Божинов.

Во текот на вчерашниот ден, ТППЕ Куманово делуваше и во атарот на с. Матејчем каде во 15,30 часот  е пријавена опожарена нискостеблеста шума.

Пожарот бил локализиран во 18,00 часот без информации за опожарената површина.