Нови цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ

Сподели со своите пријатели

За половина денар до денар по литар од ноќеска ќе бидат пониски цените на бензините на бензинските пумпи низ државата, додека цената на дизелот останува непорменета, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.

Со одлуката се врши намалување на рафинериските цени на нафтените деривати во просек за 0,24 отсто и зголемување на малопродажните цени за 0,11 отсто во просек.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за половина денар за литар и ќе изнесува 63,5 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за еден денар по литар и ќе чини 65 денари.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и  на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти, односно ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)  за 38,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,736 денари по килограм се зголемува малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 21,619 денари за килограм.

Според Регулаторната комисија за енергетика, причина за ваквата измената на малопродажните цени следува како резултат на 1,25 отсто повисоката просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,84 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.