Нови 6.600 самопопишани од дијаспората

Сподели со своите пријатели

Податоците покажуваат дека за 25 дена, откако започна самопопишувањето на македонските иселеници во странство, 143 755 граѓани ја искористиле можноста да се регистрираат во електронската апликација достапна на popis2021.stat.gov.mk и  census2021.stat.gov.mk.

Loading...

Бројот на оние кои ја користат оваа можност да го потврдат своето потекло продолжува секојдневно и трендот е во нагорен раст. Ги повикуваме сите наши државјани кои по која било основа живеат или престојуваат во странство, имаат македонско државјанство и единствен матичен број на граѓанинот, да го остварат ова право, а сè со цел да покажеме колку сме и каде сме и што татковината може да направи за нив.

Интегрално соопштение: Државен завод за статистика

Leave a Reply