Нови 150 контејнери за смет во центарот на Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Обезбедени се 150 нови контејнери за смет, кои ќе бидат поставени во централното градско подрачје во Куманово.

Loading...

 

 

– Поставувањето на новите садови за смет е дел од проектот „Одржливи еколошки и здравствени придобивки во прекугранична област” преку Програмата за прекугранична соработка со Косово на ЈП „Водовод” – Куманово и регионалната компанија „Хидроморава” – Гњилане, информираше преку Фејсбук градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

 

 

Loading...

Првиот дел од  овој проектот беше изградба на атмосферска канализација на улицата „Братство единство”  која е веќе пуштена во употреба.

 

 

– Само заедно можеме да ја зачуваме и заштитиме нашата животната средина, порача Димитриевски.

Никола Ивановски

Leave a Reply