Новата генерација биоразградливи ќеси ќе може да се јадат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Група мексикански студенти од Автономниот Универзитет во Кератар произвлеа прототип на целосно биоразградливи ќеси, кои може да се јадат.

Новиот прозиводт наречен „болтсири“ се прави од клип на пченка и друг агро-индустриски отпад, како што се гранки, пилевина и слично.

 

Loading...

 

Оваа ќеса е 100 отсто биоразградлива и не може да ги повреди животните доколку по грешка ја изедат, а и поевтини се за производство.

Ги има сите карактеристики на обична пластична ќеса, освен што не и треба неколку стотици години за разградување.

„Болтсири“ се уште е прототип, но се проценува дека производството ќе започне најдоцна за две години.

Во Кератер, новиот градски закон забранува комерцијална употреба на пластичните ќеси, а пред тој закон, користени се 137,5 тони пластични ќеси годишно.

Во просек, секој Мексиканец троши 200 ќеси годишно.

– Кога пластичните ќеси доспеваат во природата веднаш ја загадуваат. Како инжинери по биотехнологија, имаме задача да дизајнираме нови производи кои не ги задоволуваат само човечките потреби, туку и да ги решат вистинските проблеми, навела Ситали Гарсија, лидер на проектот.

https://www.facebook.com/ajplusenglish/videos/1198860393588799/

Leave a Reply