Нова веб страница на Центарот за социјални работи Куманово

Сподели со своите пријатели

Надлежните од Јавната Установа Меѓуoпштински Центар за социјална работа Куманово изработија веб страна, www.jumcsrkumanovo.com.mk, преку која граѓаните ќе имаат можност да добијат информации за сите нивни потреби во надлежност на центарот.

– Граѓаните ќе имаат пристап до сите информаци, законски одредби, кој се може да оствари право, кои документи им се потребни. Страната постојано ќе се надополнува со сите тековни активности, изјави раководителот на Центарот, Александра Арсовска.

Таа информира дека установата ги презема сите активности за гасификација на објектот за што подобра енергетска ефикасност заштеда на трошоци за затоплување, и додаде оти проектот е во заврша фаза.

Претходно во установата, посочи, направени се одредени промени во организацијата на работата во рамките на службите кои работат на правата и услугите, со цел подобрување на ефикасноста, ефективноста и давањето на поквалитетна услуга на граѓаните кои имаат потреба од истата.

– Со добивање нов мебел, компјутери и клима уреди, но и со поправка на старите компјутери и со обезбедување други потреби неопходни за работа значително се подобрени условите за работа на вработените како во ЦСР Куманово, така и во Одделението во Липково, делот во Детска заштита и Дневниот Центар за лица со посебни потреби, рече Арсовска.

Таа инфорираше дека до ресорното министерство доставени се побарувања за непречено функционирање на установата и обезбедување квалитетна услуга за граѓаните.