Нова студија се спротивставува на се што досега знаеме за млечните производи

Сподели со своите пријатели

Консумирањето на млечни производи како што се млеко и сирење би можело да го намали ризикот од срцеви заболувања и срцев удар, се наведува во нова студија која се спротивставува на општо врежаното мислење за тие намирници.

Новата студија на Универзитетот Тексас од Хјустон наведува дека заситените масти во јогуртот, сирењето, кајмакот и млекото не го зголемуваат ризикот од срцеви болести.

Масните киселини, кои ги има во млечните производи, дури го намалуваат ризикот од мозочен удар за 42 отсто. Млекото, јогуртот и сирењето содржат калциум кој го намалува крвниот притисок и масните киселини кои делуваат противвоспалително.

Само 4 бадеми дневно за повеќе здравје и убавина

Loading...

Истражувачите проценувале здравствената состојба на 3.000 возрасни, постари од 65 години. Ним нивоатана три разлини масни киселини прв пат им се измерени во 1992. година, потоа шест, па 13 години подоцна.

Тим научници кои ги анализирале резултатите од мерењето, установиле дека ниту една од мерените масни киселини не е доведена во врска со зголемениот ризик од смрт од кардиоваскуларни заболувања. Освен тоа, луѓето со повисоки нивоа на масни киселини, што според научницит еима врска со исхраната со млечни производи, имале 42 отсто помал ризикод смрт како резултат на мозочен удар.

Лидерот на студијата др. Марсија Ото смета дека, поради тоа би требало да се преиспитаат моменталните препораки во врска со повеќемасните млечни производи, кои претставуваат богат извор на калциум и калиум. Тие се важни за организмот не само во детството, туку и во подоцнежното животно доба, кога лошат аисхрана доведува до остеопороза, пренесува Њузвик.

Како да се храните според типот на фигурата?

– Луѓето се изложени на цела низа различни и контрадиктори информации во врска со исханата, особено во однос на мстите. Поради тоа важно е да имаме релативни стдии, за да луѓето сами можат да изберат на основа на научни факти, а не само врз основа на гласини, рекла Ото.

Студијата ја финансирал американскиот Национален здравствен институт, а објавена е во списанието „American Journal of Clinical Nutrition“.

Leave a Reply