НОВА СТУДИЈА ОТКРИВА: Децата вегани се значително пониски и послаби, но има една позитивна работа

Сподели со своите пријатели

Децата кои се хранат со веганска исхрана се многу пониски и послаби од другите деца, покажа новата студија.

Loading...

Многумина го сметаат веганизмот како здрав начин на живот, но оваа студија сугерира дека оваа исхрана може да влијае на развојот на децата.

Бројот на деца кои живеат според веганскиот начин на живот расте од година во година. Поточно, бројот се зголемил за четири пати во последните четири години, а во моментов се одгледуваат 600.000 деца, кои немаат месо во исхраната.

 

 

Големиот институт за здравје на децата во Ормонд, од Универзитетот во Лондон, ги потенцираше ризиците од веганска исхрана кај децата.

Студијата, во која учествувале 187 деца во Полска, на возраст од пет до десет години, била дизајнирана да покаже како децата се погодени од различни диети.

Loading...

Биле собрани податоци за раст, градење, кардиоваскуларни ризици и статус на микроелементи.

Една студија објавена во Американскиот журнал за клиничка исхрана посочи дека целосната елиминација на месото и млечните производи од исхраната на децата доведува до недостаток на витамин Б12 и витамин Д.

Овие витамини го намалуваат ризикот од долгорочни здравствени последици што веганската исхрана може да ги предизвика.

 

 

Влијанието на веганската исхрана врз децата е такво што тие се во просек три сантиметри пониски, имаат послаби коски и имаат поголем ризик од развој на остеопороза подоцна во животот.

Коментирајќи ја студијата, водачот на студијата, професорот Џонатан Велс, рече дека луѓето се повеќе ги привлекуваат исхрани од растителна основа и дека истражувачите ги поддржуваат во ова, бидејќи велат дека тоа е признато како клучна работа во спречување на нагли климатски промени.

Loading...

Сепак, професорот истакна дека е важно да се земе предвид влијанието на различните исхрани врз нашето здравје.

– Досега, истражувањето за влијанието на специјалните диети врз здравјето на децата беше ограничено на проценки на висината и тежината и беа спроведени само кај деца вегетаријанци. Нашата студија дава значителен увид во тоа како врз здравјето на децата влијаат и вегетаријанската и веганската исхрана – рече професорот Велс.

Коавторот на студијата, професорката Мери Футрел, вели дека е докажано дека децата вегани имаат помала густина на коските, дури и ако се земат предвид дека имаат помала тежина и помала големина на коските.

 

 

Ова значи дека во адолесценцијата, возраста кога потребата за специфични состојки за квалитетот на коските е поголема, тие можат да влезат со недостаток на истата.

Ако таков недостаток е предизвикан од диета или исхрана до адолесценцијата, тоа може да го зголеми ризикот од бројни заболувања на коските во подоцнежниот живот.

Loading...

Сепак, не е сè толку лошо за здравјето на децата вегани.

Кај 25 проценти од учесниците во студијата е забележано пониско ниво на лош холестерол.

Коавторот на студијата, Малгорак Дезмонд, рече дека децата вегани имаат подобро кардиоваскуларно здравје и маснотии во телото.

Интересно, студијата исто така откри дека кај децата вегетаријанци е откриено дека имаат посиромашно кардиоваскуларно здравје од децата вегани.

 

Loading...

 

Овој тренд кај вегетаријанските деца е поврзан со внесувањето на повеќе преработена храна и слатки, во споредба со децата вегани.

Студијата сугерира дека родителите треба да бидат повеќе информирани за влијанието на различните исхрани и дитеи врз здравјето на децата и да им обезбедат храна што ќе ги задоволи сите нивни потреби, пренесува Унилад.

Leave a Reply