НОВА ОПАСНОСТ ЗА ГЕРМАНИЈА: Најавени обилни врнежи за веќе поплавените подрачја

Сподели со своите пријатели

Националната метеоролошка служба на Германија предвиде денес дека може да има обилни врнежи од дожд повторно во регионите погодени од разорните поплави викендов.

Loading...

Метеоролозите објавија локални катастрофи од саботата попладне, кои подоцна ќе се прошират на големи делови од германската провинција Рајнска област-Пфалц, најсилно погодени од поплавите, јави АП.

Официјални лица, пак, соопштија дека билансот на жртвите од поплавите во западната провинција се искачи на 125.

Низ Германија најмалку 174 лица го загубија животот во поплавите, додека 31 лице загина во соседна Белгија.

Германските власти изградија огромен камп за спасувачки екипи на стадионот Нирбургринг.

Повеќе од 4.500 пожарникари, војници и припадници на цивилната одбрана се ангажирани во расчистување на последиците од поплавата.

Leave a Reply