Нова година и нова победа за КК Куманово против Работнички (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб Куманово вечерва повторно покажа одлична игра кога на домашен терен ги совлада кошаркарите на Работнички со резултат 83:67 во рамките на 13-то коло од Домашната кошаркарска лига.

[huge_it_gallery id=”289″]

Уште во првото полувреме КК Куманово имаше двоцифрена предност од 48:38, која постојано се зголемуваше. Во натпревар на стартните петорки ( резервните играчи дадоа 5 и 3 поени) репрезентативците Трајковски и Костоски имаа свое шоу.

Loading...

Центарот даде 28 поени и запиша осум скока, а плејмејкерот уфрли 25 кошеви на кои додаде 6 скока и 5 асистенции.

Најмногу поени на клупата на КК Куманово запишаа Костовски и Трајковски кои заедно постигнаа вкупно 53 поени, додека кај спротивната екипа најдобар со 24 поени беше Стефановски.

Следниот натпревар кошаркарите на Страшко Тодоровиќ ќе ја одиграат веќе на 23-ти јануари кога во гости ќе играат со Кожув.

Останатиот дел од видео галеријата погледнете го на нашиот „Јутјуб“ канал со клик тука.