Нов земјотрес во Турција со јачина од 4,9 степени

Сподели со своите пријатели

Утрово во 8 часот и 48 минути е регистриран афтершок со јачина од 4,9 степени во Турција.

Loading...

ЕМСЦ наведува дека епицентарот бил на длабочина од 40 километри и 26 километри оддалечен од градот Гоксун; каде живеат околу 34.200 жители.

Да потсетиме, Турција во понеделникот ја погоди разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени, а подоцна во текот на денот и со јачина од 7,5 степени.

Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по преживеани, додека бројот на загинати по разорните земјотреси долж границата меѓу Турција и Сирија надмина 8.700.

Екстремните зимски временски услови влијаат на спасувачките напори.

Потенцијална опасност се и последователните потреси – најмалку 125 магнитуда од 4,0 или повеќе ја погодија областа од понеделникот.

Иако нивната фреквенција и јачина се намалуваат, сепак се можни последователни потреси од 5,0 до 6,0+ и носат ризик од дополнителна штета на ранливите структури и постојана закана за спасувачките тимови и преживеаните.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...