Нов земјотрес ноќеска ги остави скопјани без сон

Сподели со своите пријатели

Рано утринава, односно само 1:32 часот по полноќ на поголемиот дел од граѓаните на Скопје и околината им беше нарушено спиењето кога беше почувствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.

Истиот бил почувствуван со интензитет од 4-5 степени според Европската макросеизмичка скала, а следува по серијата земјотреси кои од 11 септември го тресат тлото во Скопје.

 

Loading...