Нов Зеланд започнува кампања за утеха на млади со скршено срце

Сподели со своите пријатели

Нов Зеланд започна кампања за да им помогне на младите во земјата да ги надминат болните раскинувања, охрабрувајќи ги скршените срца да се помират со тоа и да ги блокираат своите бивши на социјалните мрежи.

Loading...

Владината кампања „Сакај подобро“ нуди совети и поддршка кога љубовта ќе заврши, а ќе биде прикажана во подкаст и на платформи како што е Инстаграм.

„Раскинувањето боли… но морате засекогаш да ја свртите страницата. Преземете одговорност за вашите чувства“, вели смирувачки глас во видеото од кампањата.

Еден неименуван млад човек рече дека ја блокирал поранешната девојка на социјалните мрежи бидејќи рекол дека не може да спие ноќе и дека сè станува чудно и надвор од контрола.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ПРВ ТАКОВ СЛУЧАЈ: Во САД застрелан полициски робот

Властите на Нов Зеланд најавија дека за тригодишната кампања ќе издвојат 6,4 милиони новозеландски долари (3,7 милиони евра).

„Знаеме дека раскинувањето на љубовните врски е болно. Сакаме да ги поддржиме нашите млади луѓе и да им дадеме до знаење дека има излез”, рекол неименуваниот претставник на властите.

Кампањата им овозможува на младите да ги споделат своите приказни и на тој начин да им помогнат на своите врсници кои можеби поминуваат низ слични искуства.

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) објави дека Нов Зеланд има една од највисоките стапки на самоубиства меѓу развиените земји.

Loading...