Нов сој на коронавирус во Британија: Во тек се итни анализи, потврдени 16 случаи

Сподели со своите пријатели

Институтот за јавно здравје на Обединетото Кралство потврдува дека е пронајдена нова варијанта на ковида 19.

Loading...

Нов сој на коронавирус се анализира во Велика Британија, каде се потврдени 16 случаи на инфекција. Експертите од Институтот за јавно здравје на таа земја итно го анализираат новиот вид.

Како што рекоа, нема докази што сугерираат дека новиот вид ги прави вакцините помалку ефикасни.

Повеќето случаи се поврзани со патување во странство и во моментов нема докази за локално пренесување.

Институтот за јавно здравје на Велика Британија спроведува лабораториски тестови за да се утврди влијанието на мутацијата врз однесувањето на вирусот.

Сето ова се случува во време кога бројот на случаи на делта инфекција на вирусот се зголеми од минатата недела во 33.716 на 286.765.

„Низ целата земја, потврдени се 16 случаи на сојот Б.1.621, од кои повеќето се поврзани со патувања во странство и во моментов нема докази за локално пренесување“, рече британскиот институт.

Leave a Reply