Нов интернет предизвик меѓу тинејџерите – се дрогираат онлајн (видео)

Сподели со своите пријатели

„Пријатели го прифаќам Пасесито предизвикот“, изговара девојката, а потоа зема бел прав (наводно се работи за кокаин) и го вдишува. Потоа ги предизвикува пријателите да го сторат истото.

Loading...

Не се работи за Ice Bucket Challenge, кој земаше замав низ целиот свет минатата година. Pasesito Challenge (или “Reto de Pasesito”) полека го освојува Мексико.

Оваа појава меѓу златната младина, деца на богаташите, предизвика жестоки расправи на социјалните мрежи, а корисниците масовно ја осудуваат оваа појава. YouTube ги избриша оргиналните видео записи поради очигледни кршења на правилата, а исто го сторија и од компанијата Facebook, но сепак тоа не го спречи ширењето на овие видеа онлајн.

Медиумите сметаат дека овој предизвик е доста популарен меѓу припадниците на повисоките слоеви, иако се уште не е потврдено дали белиот прав е кокаин, или нешто друго, а доколку се докаже дека на снимките навистина станува збор за кокаин, на сторителите им се предвидуваат строги казнени санкции.