Норвешката компанија го истисна Гаспром од европскиот пазар

Сподели со своите пријатели

Norway’s Equinor денеска извести дека ја затвори 2022 година со најголем профит од своето основање, приклучувајќи се на низата компании кои известуваат за рекордни резултати благодарение на силниот раст на цените на гасот и нафтата.

Loading...

Нето добивката на Equinor беше 28,7 милијарди долари минатата година и беше три пати поголема од 2021 година и највисока од основањето на компанијата.

Прилагодената оперативна добивка се удвои во однос на претходната година, скокајќи на рекордни 74,9 милијарди долари.

Претходниот рекорд од 2008 година изнесуваше 36,2 милијарди долари, а дојде од рекордната цена на нафтата од Северното Море.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Го истиснаа Гаспром

Компанијата, која е во мнозинска сопственост на норвешката држава, минатата година го смени рускиот Гаспром како водечки европски снабдувач на природен гас поради оштетените гасоводи и западните санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина.

Минатата година „Еквинор“ произведе два отсто помалку нафта и гас отколку во 2021 година, вкупно 2,04 милиони барели нафтена еквивалент дневно, но оваа година очекува производството да се зголеми за три отсто.

Производството на гас на полињата во родната Норвешка се зголемило за осум отсто минатата година, додека производството на нафта се намалило за шест отсто, покажува деловниот извештај на Equinor.

Ќе платат речиси 50 милијарди долари данок

Компанијата најголем дел од својот профит го остварува во Норвешка, каде нафтените компании плаќаат даноци по стапка од 78 проценти.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија – На над милион избирачки места ќе се гласа до 1 јуни

Напоменуваат дека во 2022 година ќе платат рекордни 49,9 милијарди долари данок.

Во 2023 година, Equinor очекува капитални трошоци во опсег од 10 до 11 милијарди долари, повеќе или помалку во согласност со сегашниот план.

Тие ја зголемија проценката на трошењето во следните три години, од 12 милијарди на 13 милијарди долари годишно.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.