Ноќта донесе нови големи пожари во Црна Гора, се спуштаат кон куќите (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Ноќта во Црна Гора донесе нови пожари. Гори ридот Обосник на полуостровот Луштице, на околу 600 метри надморска височина, а огнот полека се спушта кон куќите.

Загрозено е селото Забрѓе, додека во Бабинци поедини кучи се евакуирани.

Страотни пожари низ целиот Балкан: Црна Гора, БиХ и Хрватска во пламен! (фото+видео)

Loading...

Репортерка на телевизија Прва од лице места јавува дека луѓето се испаничени кога ќе падне ноќта и ги повикуваат пожарникарите кои доаѓаат прават проценка за интервенција. Како се наведува, чекаат рано наутро да го користат украинскиот канадер и се надеваат дека тоа ќе им го реши проблемот со непристапниот терен.

 

 

Репортерката јавува дека и меѓу мештаните постои став дека пожарите се подметнати, за што зборуваше и цроногрскиот премиер Душко марковиќ Тој изјавил дека се верува дека има подметнати пожари и дека сите државни ресурси ќе бидат насочени пироманите да бидат пронајдени.

Ситуацијата со пожарите е под контрола, но и натаму се активни пожари на полуостровот Луштица, околу Херцег Нови, на подрачјето на Подгорица и Цетиње, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. како наведуваат, водена бомба од осум тони се истура на пожарите на висина од само 40 до 50 метри, при брзина од 240-260 километри на час. Наутро се очекува да пристигне и швајцарскиот повеќенаменски хеликоптер „Супер Пума“.

 

 

Помош на црногорските пожарникари ќе пружат и противпожарни авиони од Израел, со капацитет од 3000 литри вода, кои ќе оперираат во наредните денови.

Loading...