Ноќеска ни доаѓа најдолгата ноќ и најкраткиот ден во годината

Сподели со своите пријатели

Ноќеска во 5 часот и 48 минути ни пристигнува зима, па така ќе ја дочекаме најдолгата ноќ за оваа година.

Истиот ден на северната полутопка ќе биде најкраток за 2015 година, а на јужната полутопка пак, ќе биде најдолгиот ден и воедно прв летен ден, бидејќи таму започнува летото.

Во Република Македонија, првиот зимски ден ќе трае само 9 часа и 7 минути. Ноќта пак (22.12-23.12), ќе биде најдолга за 2015 година и ќе трае цели 14 часа и 53 минути.

Од оваа точка, официјално започнува астрономската зима, но и денот ќе почне од утре полека да се зголемува.

Според светските метеоролошки агенции (NOAA, AccuWeather идр.), се очекува оваа зима на Балканот и во Република Македонија да биде потопла од вообичаеното, со умерени врнежи кои ќе бидат помалку од снег, а повеќе од дожд. Вистински снег во Македонија треба да се очекува дури по перихелот, односно кон средината на јануари и во февруари.

Зимата ќе заврши на 20 март 2016 година во 5 часот и 32 минути, за време на пролетниот еквиноциум (рамноденица).

Loading...

Извор: Факултети.мк


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.