Нобеловката Аунг Сан Су Чи осудена на четири години затвор (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Судот под контрола на воената хунта во Мјанмар денеска ја осуди поранешната лидерка Аунг Сан Су Чи на четири години затвор за поттикнување немири и кршење на епидемиолошките мерки воведени поради пандемијата на корона вирусот.

Loading...

„Осудена на две години затвор според член 505 (б) и две години затвор според Законот за природни катастрофи“, рече портпаролот на хунтата.

76-годишната добитничка на Нобелова награда Аунг Сан Су Чи, која беше уапсена од армијата кога организираше државен удар на 1 февруари, е во домашен притвор.

Таа тогаш беше обвинета за корупција, бунт и изборна измама.