Њујорк се подготвува за празниците: Центарот на градот ќе го краси 23-метарска елка (видео)

Сподели со своите пријатели

Работниците во Пенсилванија денеска ќе исечат елка изберена да биде уркасена во Њујорк за време на божиќните празници.

Божиќната елка е висока 23 метри, а изберена е да се најде оваа година пред центарот „Рокфелер“. Истата е исечена денеска, а во сабота ќе пристигне во Њујорк.

Елката е широка 15 метри и ќе ја красат над 50.000 светилки, додека на врвот ќе има „Сваровски“ ѕвезда.

Елка рекордерка со половина милион светилки (фото)

Loading...

Тоа е 86-та елка која ќе го краси центарот на Менхетен, а трета по ред која пристигнува од Пенсилванија.

Како наведуваат тамошните медиуми, ќе светне на 29 ноември и таква ќе сјае до 7 јануари.

Вака изглдаше минатогодишната: