Нивниот меден месец по оваа фотографија им се претвори во катастрофа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Иако ова изгледа како совршена фотографија од меден месец во Јужна Африка, она што се случило откако се претворило во катастрофа за  брачниот пар Марелиза и Рајан Драјер. Откако се фотографирале, парот го покрил голем бран и ги удрил во карпите.

Loading...

Во моментот на ударот на бранот, ногата на Марелизе се заглавила меѓу камењата, па го исчашила зглобот и ја скршила ногата на две места. На помош и пришол сопругот. После тоа, наместо да се одморат на плажа, тие поминале два дена во болница, каде на ногата на Марелиза и биле вградени титаниумска плоча и 12 завртки.

“Имавме список со желби со фотографии, оние кои навистина сакавме да ги направиме додека патуваме. Бевме свесни за опасностите, но имаше особено големи бранови тој ден. Во еден момент, додека не знаевме дали фотографијата испадна добро, решивме да се преселиме на побезбедна локација“, рече Рајан.

Тој рече дека ги удрил еден бран кога дошле на друго место, а потоа отишле да седнат повторно да се фотографираат. И тогаш удрил голем бран кој ги отфрли.

„Се чувствувавме како да сме под вода“, додаде Рајан, а сестрата на Марелиз и туристите кои беа таму им помогнаа да се симнат од карпите. И покрај повредите, парот решил да почека да закрепне жената  и да продолжат да патуваат.