Ниту еден класен раководител нема да остане без надоместок, вели Димитриевски

Сподели со своите пријатели

Ниту еден класен раководител нема да остане без соодветен надоместок кој го прима по тој основ, рече денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, по однос на објавени информации во медиумите дека средствата нема да бидат исплатени затоа што општината нема пари.

Loading...

Тие средства, како што вели градоначалникот Димитриевски, Општина Куманово ги предвидува во Буџетот, а до дел од училиштата бил испратен допис дека не ги пријавиле навремено своите финансиски потреби.

– Во самото писмено известување од служба за финансиски работи е објаснето дека тие середства ќе бидат исплатени во месецот декември по однос на заостанатите месеци и се работи за манипулација во јавноста од поединци вработени во образовниот процес нелегитимно сликале интерен документ, за кој ги повикувам државните органи да спроведат постапка а воедно и ние, како официјални и службени документи се лиферуваат во јавноста од неовалстени лица, вели Димитриевски.

Како што појаснува тој доцнењето следува како резултат на тоа дека нема зголемување на наменските средства и блок дотациите кои доаѓаат од Министерството за обраование.

– Бевме принудени во рамки на постоечкиот буџет да репрограмираме средства за да можеме да ги исплатиме, тоа не е можно, доколку не се направи дополнителен ребаланс на буџетот и тоа го правиме на денешната седница на советот, вели Димитриевски.

Сумата од 1.500 денари која класните раководители ја добиваат повеќе од останатите колеги кои не водат паралелки,  ќе им биде исплатена со декемвриската плата.

Само мал дел од училиштата не доставиле навремено информација за пресметка на надоместоците, а по доставувањето средствата ќе бидат исплатени.

Leave a Reply