Ништо не може да се скрие од природата – Поради загадување реката ја смени својата боја

Сподели со своите пријатели

Реката се наоѓа во аргентинскиот регион на јужна Патагонија. Реката е обоена во светло розева боја поради загадување на водата од хемикалии. Експертите и активистите посочуваат дека загадувањето е предизвикано од ослободување на хемикалии што се користат за конзервирање на ракчиња наменети за извоз.

Loading...

Розовата боја на водата доаѓа од натриум сулфит, антибактериски производ што се користи во фабриките за риби, чиј отпад е виновен за контаминација на реката Чубут.

Жителите на регионот веќе подолго време се жалат на непријатни мириси и други еколошки проблеми околу реката.

 

 

„Оние што треба да имаат контрола се оние кои одобруваат труење на луѓе“, изјави активист за заштита на животната средина, Пабло Лада, кој живее во близина, обвинувајќи ја владата за загадувањето.

Инженерот за заштита на животната средина и вирусологот Федерико Рестрепо им посочи на медиумите дека боењето на водата се должи на натриум сулфит во отпадот од риба, што според законот треба да се третира пред да се фрли.

Loading...

Во знак на протест, локалното население ги блокираше патиштата и камионите што ги користат за транспорт на преработен отпад од риба.

Сепак, властите тврдат дека бојата не е штетна, и дека езерото ќе ја врати својата природна боја.

Leave a Reply