Никотинот е штетен, но го штити мозокот?

Сподели со своите пријатели

Сите знаеме дека цигарите се штетни по здравјето, но според најновите истражување, никотинот сам по себе го заштитува мозокот, не само како што старееме, туку и од болести како што се Паркинсоновата или Алцхајмерот.

Цигарите се штетни по здравјето, дури и оние алтернативни електронски содржат опасни токсини, но сепак истражувањето на тексашки универзитет открива дека никотинот е корисен за нашиот мозок.

Имено, истражувачите на животните во вода им додавале мали, средни и воски дози на никотин, што кореспонрдира со повремените пушачи и зависници од цигари. На контролната група во водата не бил додаден никотин.

Животните кои добиле мали и средни дози не покажувале никакви знаци дека земале вакво средство, дури ни во крвта. Немало промени во внесувањето на храната, тежината или последици со мозокот.

Зачудувачки, оние животни кои примиле високи дози никотин јаделе помалку, ја намалиле тежината и имале повеќе рецептори во мозокот.

Сето тоа покажува дека никотинот во восоки дози позитивни влијае на однесувањето. Следуваат истражувања кои треба да се обидат да докажат врска помеѓу стареењето на мозокот и никотинот. Можно е со употребата на никотин кој толку силно влијае на рецепторите во мозокот да се спречат болести како Паркинсоновата и Алцхајмерот.

Но, она што е резултат на оваа истражување допрва треба да се провери на луѓето, а не се познати ниту негативните ефекти.