Николовски: Македонско огревно дрво наместо кај граѓаните, власта го извезе во Грција

Сподели со своите пријатели

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска излезе со изјава и документи дека македонското огревно дрво наместо кај граѓаните на Република Македонија, власта го исекла и извезла во соседна Грција.

ЈП Македонски Шуми од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 27 јули 2015 побарало дозвола за извоз на околу 30.000 метри кубни огревно дрво, со образложение дека домашната побарувачка се задоволува од домашни потреби?! Министерот експресно, следниот ден  одговара позитивно на ваквото барање и дава одобрение за извоз на 29.028 метри кубни дрва – вели Николовски.

ЈПМШ

Loading...

 

Тој додава дека со ова наместо граѓаните да ги добијат дрвата што ги платиле, тие биле извезени во Република Грција.

Додека многу семејства на почетокот на грејната сезона останаа без дрвата кои ги имаа платено во ЈП Македонски Шуми и беа приморани да плаќаат и по 4.000 денари за метар кубен од приватните складишта, ЈП бара а Министерството одобрува извоз на близу 30.000 метри кубни огревно дрво – додава Николовски.

Дополнителниот заменик министер прашува дали „Македонски шуми“  и Министерството служеле за интересите на како што велат фамилијата наместо граѓаните. Николовски вети дека јавноста ќе дознае за сите матни зделки на влста.