Николиќ: Екстерното стана инструмент за казнување на учениците и наставниците (видео)

Сподели со своите пријатели

Свое обраќање на вчерашната 67 –  ма собраниска седница по Предлог – законот за изменување на Законот за основното образование, предложен од СДСМ, имаше и пратеникот Љубиша Николиќ од ИЕ 2.

Loading...

Пред да стане пратеник, Николиќ беше долгогодишен директор на кумановската Гимназија која важи за висококотирано средно училиште во Македонија по вкупен постигнат успех.

Николиќ во своето десетминутно обраќање се осврна на прашањето за оправданоста на екстерното тестирање, и аргументите на СДСМ зошто тестирањето треба да се укине.