Николај и Стефан од Куманово – стипендисти на Руската Федерација (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Николај Павловски и Стефан Мирчевски се двајцата кумановци кои своето образование ќе го продолжат во Русија со стипендијата која ја добија од тамошното Министерство за образование.

Loading...

Павловски ќе студира на Факултетот за меѓународни односи каде првата година ќе го учи рускиот јазик, а потоа ќе аплицира на драмска игра или режија на Факултетот за драмски уметности, бидејќи постои можност за изучување на два факултети истовремено.

Мирчевски е студент на Факултетот за инжинерство за нафта и гас.

Loading...

Нивната стипендија целосно ги покрива трошоците за студирање во руската престолнина, каде веќе и се сместени. Стефан започна со предавањата, а Николај се уште ги истражува убавините на Москва и го очекува стартот на академската година.

– Она што ми се допаѓа толку многу е дека нема дискриминација како што може да се каже дека е доста присутна во нашата држава, за жал. Тука сите се почитуваат. Не само во домот зборувам општо. Барем мојот прв впечаток е тој. Она што беше примарно забележливо е тоа дека Москва е огромен град. Можам да кажам дека имаат еден од најразвиените метро- системи. Многу е современа. За разлика од она што ни го пласираат како вест кај нас, мислам дека е тотално различно, вели Павловски за Кумановски Муабети.

Двајцата се одлучиле да го продолжат своето образование тука затоа што тоа им отвора нови перспективи во животот, нуди многу повеќе од нашиот образовен систем, од квалитетот на наставата до огромните можности за успешна кариера.

– Се одлучив бидејќи Русија нуди можност за студирање на појаките универзитети во кои може да се аплицира и да се добие бесплатно школување. Се сместивме тука и факултетот е одличен, ни раскажа Мирчевски, кој во Русија се надева дека ќе стане инжинер за нафта и гас.

Loading...

Како што појаснија и самите, многу е едноставно да се аплицира, но за жал малкумина знаат за тоа.

– Не знам зошто е тоа така. Јас, лично дознав преку една моја другарка која што е веќе тука 3 години, во Санкт Петербург и студира архитектура, вели Павловски.

Низ целиот процес најмногу им помогнала наставничката по руски јазик од Куманово Биљана Коцевска, за што многу и се благодарни.

– Таа ме упати буквално во се. Ми помогна со документите, со изборот на универзитети, факултети, програми. Да не беше таа искрено јас се сомневам дека би успеал сам. И така кога заврши целиот тој процес, кога ме прифатија, еве ме мене во Москва, додава Павловски.

Loading...

Но, Стефан и Николај не се единствените на кои наставничката Коцевска им помогнала во целиот процес. Низ руските универзитетит со стипендиите низ изминатите години минале четириесетина кумановци, дел од нив на додипломски, дел на мастер и докторски студии. Изборот е многу различен, од архитектура, медицина, воздухопловство, драмска уметност…

Како што ни појасни наставничката Коцевска, секоја година Руската федерација за Македонците нуди 40 стипендии. Можностите вели се големи, но трендот на изучување на рускиот јазик од година во година е помал, а како проблем вели е што училиштата воопшто не го нудат како опција за избор на учениците.

Сепак познавањето на рускиот јазик не е услов за ваква стипендија, потребно е тоа да се потенцира и првата година од стипендијата нуди бесплатно изучување на јазикот.

Leave a Reply